X
 17.03.2023 Економија

Словенија ги олеснува процедурите за работа и престој на странци

Владата на Словенија работи на промени на својот закон за странци за да привлече повеќе странски работници во земјата. Целта е да се намали недостигот на работници со кои се соочува државата. Меѓу другото, Словенија планира да отстрани административни процедури за кои се смета дека се непотребни, како и да нуди бесплатни курсеви за учење на словенечкиот јазик за странците.

- Задача на оваа Влада е да се олеснат процедурите за добивање работни дозволи во Словенија, особено за оние што веќе се таму, да им се овозможи полесно да останат - изјавил премиерот на Словенија, Роберт Голоб.

Од Владата посочиле дека планираните промени во законот ќе овозможат побрзи процедури за добивање дозволи за престој. Промените треба да бидат усвоени од собранието по итна постапка.


Фото: Pixabay

Кога станува збор за словенечкиот јазик, започнувајќи од 27 април, членовите на семејството на странците во Словенија кои ги продолжуваат привремените дозволи за престој ќе мора да знаат основно ниво на јазикот. Тоа значи дека странците во Словенија и нивното семејство ќе мора да покажат доказ за основно познавање на словенечкиот јазик за да го продолжат престојот во земјата.

Амандманот на законот предвидува и други промени, како доделување дозволи за престој преку електронска пошта, подолго чување на отпечатоци од прсти на кандидати, поедноставување на процедурите за вработување странци во областа на здравството и социјалните услуги. Освен тоа, оние што бараат азил ќе може да влезат во пазарот на труд по три месеци, наместо девет како досега.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија