Технологијата е насекаде околу нас, па не е тешко да се идентификуваат технологиите кои можеби ќе имаат најголемо влијание во годината која доаѓа.
Може да се очекува дека ќе има многу иновации кои ќе донесат промени и напредок на човештвото. Ова се неколку од нив.
Виртуална реалност
Виртуелната реалност забележа значителен раст и подобрување во 2016. Но, не го трансформираше општеството. Ќе продолжи да биде една од најважните технологии и во текот на наредната година.
Зголемена реалност
Додека виртуелната реалност ќе продолжи да се шири и напредува, зголемената реалност во 2017 ќе биде вистинска ѕвезда. Платформата на Микрософт „
Windows Holographic“ ќе подразбира нови искуства за корисниците на „Windows“. 2017 би требало да биде и година на „Apple“. Зголемената реалност најмногу ќе се појавува преку мобилните уреди и без потреба за дополнителен хардвер.
Технологија на екраните
Во годината која доаѓа можно е навистина да се ужива во „AR“ и „VR“ технологија и 4К смартфони. Потенки екрани и поефикасни батерии од кога и да било. Од HD во UHD екрани со голема резолуција, како и екрани кои се
виткаат. Вакви подвизи може да се очекуваат од компании како „LG“, „Samsung“ и „Apple“.
Вештачка интелигенција
Уште поголем натпревар во вештачката интелигенција се очекува во 2017 година. Многу нови уреди и сервиси ќе бидат презентирани.
Технологии за подобрување на човештвото
Овде спаѓа роботската технологија, креирање уреди кои ќе го зголемат и подобрат функционирањето на човекот. Не е чудно ако во наредната година ваквите роботи ни се лесно достапни. 2017 може да биде годината на пробивање на ваквите новитети и тоа со изненадувачко темпо.
Батерии
Во 2017 ќе се обрне внимание на зголемување на безбедноста и трајноста на батериите.
Безбедност, приватност и биометрика
Луѓето немаат доволно сигурност при зачувување на податоците, но во 2017 година сето тоа можеби ќе се промени. Ќе се работи на системи со зголемена безбедност : ќе ги користиме нашите отпечатоци, лица, очи, па дури и срцебиење за да отклучиме одреден технолошки иред и да ги зачуваме нашите податоци. Ова особено ќе биде застапено кај компјутерите и мобилните уреди.
Нова генерација на транспорт
Автомобили кои сами се возат – ова е појава која се повеќе напреднува. Во 2017 година ќе видиме многу вакви решенија, како на пример и конечниот проект на Елон Маск за суперсонично патување.
Податоци и факти
Собирањето податоци и факти нема да биде помалку важно и во 2017 година. Се очекува неколку компании да излезат со интересни идеи за користење на податоците, програмирање и машини за учење за конечно да се оддели фактот од фикцијата.
Персонален стриминг
2017 ќе биде експлозивна година што се однесува до персоналниот хардвер за емитување. Социјалните медиуми ќе напредуваат на ова поле па очекувајте бројни промени и надополнувања.
Паметна облека
2017 ќе биде година на експанзија на ваквата технологија. Палта, чевли, чорапи – ќе добијат „технолошка инфузија“.