Грешка од компанијата Фејсбук предизвика на бројни профили на корисници да се покажува порака дека починале. Бубачката не го одминала и профилот на Марк Цукерберг.
„Се надеваме дека луѓето што ја сакаат Кејси ќе најдат утеха во спомените за да ја запаметата и да ја слават,“ стои на еден од профилите.
Ова се случило во текот на вчерашниот ден, а попладнето од
компанијата изјавиле дека ова е ужасна грешка и е веќе поправена.
„Многу ние жал што се случи ова и работевме што е можно побрзо за да го решиме проблемот,“ велат раководството на компанијата.
Информацијата за брзо време се проширила и на другите социјални мрежи и на Youtube, а ова е со сигурност негативен поен за омилената активност на интернет корисниците.