X
 13.11.2016 Наука

Употребата на вулгарности е израз на силни емоции

Истражувањето на причините поради кои луѓето се колнат им донесе на научниците многу сознанија за тоа од каде доаѓа јазикот во мозокот и какво е влијанието на вулгарностите на човечката психа.

споменик


До неодамна оваа тема во јавноста се сметала за табу. Во 50тите години на минатиот век била во истата категорија со истражувањата за секс – контроверзна, неморална и непопуларна. За среќа, ставовите на јавноста се изменија низ децениите. Едни од најинтересните сознанија во последните години се оние кои откриваат од кои делови на мозокот доаѓаат одредени зборови. Авторот на книгата What the F: What swearing reveals about our language, our brains, and ourselves, Бенџамин Бергер, вели дека човекот има 2 производни линии што произведуваат зборови.

Бројни студии покажале дека пациентите кои претрпеле штета на одредени делови на мозокот, ја изгубиле и способноста што е најверојатно поврзана со нив, но не за одредени зборови. Пациент со дијагноза aphasia или изгубена способност да се користи и разбира говорот, сепак можел да се колни или да користи одредена вулгарна фраза. Постојат неколку вакви слични заболувања како Tourette syndrome и corpolalia.

Вулгарностите доаѓаат од десната хемисфера


Регуларниот говор се произведува во левата хемисфера, близу до површината на органот.  Колнењето доаѓа од друга област, многу подлабоко во мозокот, во регии што се постари и попримитивни од еволутивен аспект, пишува авторот на книгата. Тие се почесто во десната хемисфера во емотивниот центар и лимбичкиот систем, а ова е поткрепено и со тезата дека овие зборови изразуваат силни емоции, изненадување, фрустрација, лутина, среќа и страв.
Тимоти Џеј, психолог кој ги истражувал вулгарностите  повеќе од 4 децении, вели дека тоа е еден вид вентил за него и додека другите животни сакаат да касаат и да се гребат едни со други, а тој употребува вулгарности и не мора да употребува физичка сила.

Бенефитот од вулгарностите

Вулгарностите им одат и во прилог на луѓето: на љубовниците во интимните разговори, на многу мажи во креирањето на другарство, на луѓето на позиции за да покажат супериорност. Секако, со текот на времето се менува и тежината на зборот, па ако нешто се сметало за вулгарност во минатиот век, сега може да е дел од секојдневниот вокабулар.

Иако вулгарностите се непријатни за слушање, длабоко се вкоренети во нашата култура и како што вели авторот Бенџамин Берген, ретки се птиците на кои никогаш не им се испуштил вулгарен збор.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука