X
 18.09.2018 Образование

„Вулгарните“ книги се забранети за руските ученици

Руските средношколци не можат да купат книги што им се потребни за на училиште, а чии автори се некои од најголемите писатели во таа земја поради Законот против вулгарност потпишан од страна на рускиот претседател Владимир Путин во 2014 година.

Алиса има 17 години, што е доволно за да учи песни од Сергеј Есенин на училиште, но не и да ги купи неговите книги во книжарница. Таа објаснува дека во продавница прашала за тие книги, но продавачите ѝ покажале книги замотани во пластични кеси.

- Ги замолив да ги отпакуваат за да ги погледнам, но вработените во продавницата рекоа дека тоа не е можно бидејќи сè уште немам 18 години - раскажува таа.

Путин во 2014 година го потпиша законот кој забранува продажба на книги со вулгарна содржина на малолетници, иако националниот наставен план предвидува обработувањето на некои трудови да биде задолжително.

Законот забранува зборови што ги користи и Александар Пушкин. Руските великани, како Владимир Мајаковски, Сергеј Есенин и Јосиф Бродски, се држат во тајност.

Наставниците велат дека тоа се дела што мора да се проучуваат. Алиса исто така се противи на законот.

- Читам што сакам. Зошто тоа право ми е скратено како државјанка на Руската Федерација - прашува таа.

Книжарниците може да бидат казнети и до 725 долари ако им продадат вакви книги на малолетници и тие би можеле да им бидат конфискувани.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование