Веројатно сте го слушнале изразот „да не си роден во чамец?“, кој се користи кога некој ќе заборави да ја затвори вратата. Во различни држави низ Европа постојат различни фрази што се однесуваат на истиот случај и прилично се интересни.
Профилот „Ленгвиџес“ на „Инстаграм“ објави мапа на која се напишани изразите кои се користат низ европските земји кога некој ќе остави отворена врата.
Изразите најчесто го вклучуваат прашањето „каде е роден некој“ и варираат од „да не си роден на поле“ во Ирска до „да не си роден во штала“ во Велика Британија. Русите прашуваат „да не си роден во лифт“, додека Исланѓаните прашуваат „да не живееш во шатор“.
Во Франција, жителите едноставно порачуваат дека „не се наоѓаме во црква“. Италијанците прашуваат „да не живееш во Колосеумот“, додека во Шпанија велат дека „се чини како да си од Мадрид“.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)