Најновата апликација која доаѓа од „Google“, се нарекува „Google PhotoScan“ и тоа како ќе ви се допадне. Не затоа што е бесплатна туку затоа што ќе ги претвори вашите стари фотографии и ги претвора во дигитални.
Сигурно низ дома имате еден куп стари фотографии. Овие фотографии би било убаво доколку ги организирате, па затоа оваа апликација ќе ви биде од голема корист.
Користејќи ја камерата од вашиот паметен телефон, апликацијата ќе ја скенира фотографијата, ќе ги детектира рабовите, ќе го отстрани сјајот и ќе ја ротира. Потоа новата дигитална фотографија ќе ја стави во „Drive“ за никогаш да не ја изгубите.