Преговарањето во врска со платата може да биде многу тешко, но да смислите колку треба да изнесува вашата плата е уште потешко, па од таа причина компанијата „Гласдор“ направила некаков вид решение.
Почетокот на вработувањето кое е проследено со отварање на нови работни места и плати на работодавачите, како и биографија на потенцијалните работници, покренува нова алатка која овозможува на луѓето да видат колкава би требала да биде нивната просечна плата на основа на нивното искуство.
Под насловот „Know Your Worth“, таа алатка сега е достапна и на интернет страниците на компанијата, како и на мобилна апликација.
А како да проверите дали сте доволно платени? Почнете со внесување на податоци за вашиот моментален работодавач, локацијата, името на работата и колку години е вашето работно искиство, како и вашата моментална заработка и ниво на образование. Алатката ја генерира и вашата просечна пазарна вредност и претставува графикон кој покажува како е тоа во другите компании.
Проценката се генерира со повлекување на податоците за плата кои ги доставуваат корисниците на сајтот. Процената на заработката за секој поединец се ажурира на неделно ниво, на основа на отворањето нови работни места и други фактори.
Сепак додека „Гласдор“ вели дека зад оваа апликација стои напредна наука, постојат неколку работи кои би требало да се разгледуваат. На пример акции и бонуси не се земени во предвид, но од компаниите велат дека планираат и опции за во иднина.
И покрај тоа, алатката може да ги генерира вредностите од пазарот во САД, со оглед дека компанијата нема доволно податоци за создавање прецизни процени за сите професии и на сите локации. Од компанијата напоменуваат дека апликацијата може да им послужи на сите за да видат колкава е платата во другите компании на истите работни места.