Ова можеби ќе Ви звучи чудно, но научниците докажале дека со вшприцување на млада човечка крв во старо тело, тоа се подмладува. Во истражувањето била користена крв од здрав 18-годишен учесник, ставена во телото на 12-годишен глушец, што е околу 50 човечки години.
На глушецот му била инјектирана крвна плазма два пати недело, во период од 3 недели. Потоа било анализирано неговото однесување во споредба со млади и стари глувци кои не добиле вакви инекции. Се дошло до заклучок дека глушецот врз кој се вршел
експериментот повеќе се однесува како младите глувци и дека моќта на неговата меморија се подобрила. Ова било тестирано со посебна алатка наменета за испитување на меморијата кај глодарите.
Во науката до сега се претпоставувало дека крвната плазма има моќ за подмладување бидејќи содржи илјадници протеини. Протеините можат да ги подмладат ткивата, но со тек на време исчезнуваат и се заменуваат со молекули што предизвикуваат штета.
Сега прв пат е откриено дека стотици протеини се менуваат со процесот на стареење. Имено, како што старее плазмата, многу протеини се воспалителни, а тоа ги убива клетките.
Кај глушецот врз кој е вршен експериментот, истражувачите забележале и поголема количина на ново-формирани нерврони, кои се важни за способноста за учење и за меморијата.
До сега е спроведена слична студија со крв од помлад глушец, но овој пат целта на истражувањето била да се тестира човечката крвна плазма. Ако се дојде до повеќе докази, научниците од Alkahest, биофармацевтска компанија од Калифорнија која го вршела истражувањето, планираат поголема студија која ќе опфати повеќе пациенти. Таа ќе има за цел да испитува како ова би се одразило на пациенти болни од Алцхајмерова, Паркинсонова или други слични болести.
Друга компанија од САД се подготвува да тестира луѓе постари од 35 години со млада крвна плазма, но оваа студија наишла и на критики затоа што им барала на учесниците по 8000 долари за да си ги покријат трошоците. Резултатите од истражувањето компанијата планира да ги примени за развивање на третмани против стареење.
За сега јавноста е во исчекување на нови откритија поврзани со првата студија, со надеж дека медицината ќе отиде чекор понапред во борбата со болестите.