X
 17.11.2016 Култура

Во кои земји најдобро се зборува англискиот јазик?

Скоро милион луѓе од 72 земји низ светот се рангирани за нивните вештини кога станува збор за зборување на англиски јазик.

 

1


На прво место се најде Холандија, додека на второ место е Данска, а веднаш после неа Шведска која минатата година беше на прво место. Норвешка, Финска, Сингапур, Луксембург, Австрија, Германија и Полска ги заокружуваат првите 10 места на табелата.

Најниско рангирани земји се Ел Салвадор, Оман, Кувајт, Монголија, Алжир, Саудиска Арабија, Камбоџа, Лаос, Либија и на крај Ирак.

Нашата земја не беше вклучена во рангирањето, а од балканските земји на највисоко место се наоѓа Србија (17-то). Бугарија се најде на 24-то место, а Босна и Херцеговина на 26-то место.

„Education First“ открива дека лицата на возраст од 18 до 25 години имаат најсилни вештини по англиски јазик, а жените зборуваат англиски подобро од мажите скоро во сите земји и групи на возрасти.

Еве како се рангира секој континент. 

 

2
Eвропа


3
Латинска Америка


4

Азија


5
Блискиот исток и Северна Африка

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура