X
 31.03.2020 Живот

Земји што ги променија своите имиња

Поради поделби на земјиштата, војни, промени на владите, независност или едноставно полесно изговарање на името во странство, некои земји одлучиле да го променат своето име.

Во некои случаи тоа го направиле пред многу години, а денес ние ги знаеме овие држави според нивното сегашно име. Други, пак, го направија тоа неодамна. Процесот на менувањето на името на една земја не е едноставен и воопшто не е економичен. Но, и покрај сето тоа, различни делови во светот се охрабрија да го направат тоа.

1. Холандија го промени името во Нидерланд

1
Фото: Pixabay

Како начин да се обединат сите провинции што се дел од Холандија, а исто така и како маркетиншки потег, двата региона што го носат името Холандија повеќе нема да бидат наречени Јужна Холандија и Северна Холандија. Од јануари 2020 година тие станаа Нидерланд, како и останатите. Ова вклучува многу други модификации, на пример, промена на името на нивниот фудбалски тим.

2. Цејлон го промени името во Шри Ланка

Античкиот Цејлон, денешна Шри Ланка, го смени своето име што го добил од Португалците кога го откриле во 1505 година. Подоцна станал дел од Британската Империја и ја стекнал својата независност во 1948 година. Сепак, по неколку години владата на островот решила да ја направи промената. Во 2011 година од официјалните тела биле отстранети сите компании што го носеле старото име.

3. Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија

makedonija
Фото: Pixabay

Во февруари 2019 година Македонија го смени името поради долгогодишниот спор со Грција. Новото име на државата беше утврдено со Договорот од Преспа, кој беше потпишан на 17 јуни во селото Нивици. Ние и понатаму се нарекуваме Македонци, а официјалниот јазик останува македонски. 


4. Чешка го промени името во Чехија


Со цел да се олесни именувањето на земјата на спортски настани, како дел од маркетинг-напорите на компаниите, Чешката Република го скрати името во Чехија во април 2016 година. Мерката се дискутираше повеќе од 20 години. Конечно било решено да се скрати името, така што изговорот ќе биде полесен на 6 официјални јазици во земјата: англиски, француски, руски, кинески, шпански и арапски. Иако официјалното име сепак ќе биде Чешка, Чехија стана скратено официјално име на земјата.

5. Свазиленд го промени името во Есватини

Во април 2018 година кралот на Свазиленд во Африка изјави дека името на земјата ќе се смени во Есватини. Измената не ги изненади луѓето бидејќи тоа беше името што веќе го користеа. Есватини е само превод на Свазиленд на локален јазик, што значи „земја на Свазиите“. Покрај тоа, старото име беше збунувачко бидејќи многумина го мешаа со Швајцарија.

6. Горна Волта го промени името во Буркина Фасо

За да ја прослави дваесетгодишнината од нејзината независност, Република Горна Волта беше преименувана во Буркина Фасо, што на локален јазик значи „земја на цели луѓе“. Промената била направена во 1984 година, заедно со промена на знамето и националната химна. Претходното име се однесуваше на една од главните реки во регионот.

7. Сијам го промени името во Тајланд

тајланд
Фото: Pixabay

Промената на името на Сијам во Тајланд не се случи неодамна. Била основана во 1939 година од кралот кој владеел со земјата во тоа време. На локалниот јазик името се изговара како Пратет Таи, што значи „земја на слободни луѓе“ и им оддава почит на првите доселеници што пристигнале барајќи слобода од Кина.

8. Бурма го промени името во Мјанмар

Во 1989 година владата на земјата била решена да го смени името од Бурма во Мајнмар во обид да го зачува начинот на кој се пишува во локалниот јазик. Сепак, не секој се согласувал со одлуката. Поради оваа причина, некои делови на светот и понатаму оваа земја ја нарекуваат Бурма.

9. Германска Југозападна Африка го промени името во Намибија


Кога земјата станала независна од Германија, таа се преименувала во Намибија. Ова се случило во 1990 година. Малку подоцна, исто така, се смениле имињата на градовите и регионите што биле на германски јазик. На граѓаните воопшто не им се допаднал предлогот бидејќи веќе беа запознаени со старите имиња.

10. Кејп Верде го промени името во Република Кабо Верде (Република Зелен 'Рт)

Друга неодамнешна промена беше онаа на Кејп Верде што се случи во 2013 година. Името на земјата сега е Република Кабо Верде, како што португалските морнари ги нарекле островите кога ги откриле во 1444 година.

Промената, всушност, се однесува на поимот „кејп“, што на англиски значи 'рт.  Во 2013 година била усвоена уредба со која се препорачало името на државата да не се преведува. Во македонскиот јазик се прифатени и двете форми на името, и Кабо Верде и Република Зелен 'Рт.

11. Ирската слободна држава го промени името во Ирска

irska
Фото: Pixabay

Во 1937 година, со намера да се отстранат сите врски со Велика Британија (со која земјата имаше жестока војна 2 години), оваа држава го промени името во Ирска.

Повеќето земји го промениле своето име како начин за бришење на дел од нивното минато и приближување до нивниот вистински идентитет, додека други тоа го сториле за да го охрабрат туризмот, како Холандија. Сепак, не е сè така лесно како што изгледа. И не е ни евтино. Секоја нација плати милиони долари, или еквивалентна на нивните локални валути, за да го смени своето име.

Во промените влегуваат и Уставот, службениот канцелариски материјал и парите. Сè што го носело старото име на земјата, како мапи, знамиња и химни, морало да биде избришано и заменето со новото. За ова, се разбира, е потребно време.

Тука се и граѓаните, кои се навикнати да ја нарекуваат својата земја со одредено име и треба да се навикнат на новото име.

Извор: Bright Side
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот