(
Фото: Screenshot)
Британското министерство за надворешни работи издаде предупредување во кое наведува список од 48 земји каде постои најголема веројатност дека ќе се изведат терористички напади.
Најризични земји за туристите се Германија, Франција, Турција и Белгија.
Потоа следат Египет, Индонезија, Русија, Мјанмар, Кенија, Филипини, Колумбија, Тајланд и Австралија.
Вљубениците во патувања би требало да ги избегнуваат и Блискиот Исток, вклучително и Ирак, Саудиска Арабија, Јемен, Сирија, Либан, Израел и Авганистан.
Минатата година за ризични беа прогласени и Катар, Кувајт, Танзанија, Сенегал, Гана, Буркина Фасо, Јужноафриканската Република, Оман, Сиера Леоне, Гвинеја, Либерија и Мозамбик, а оваа година на истиот список се додадени и имињата на Маврициус, Сингапур, САД и Замбија.
Земји со најмал ризик од терористички напади се Исланд, Боливија, Еквадор, Полска, Чешка, Швајцарија, Унгарија, Виетнам и Јапонија.
Погледнете ја интерактивната мапа: