Јапонската компанија „Mizuishi Architect Atelier“ создаде прекрасна минијатурна куќарка од само 55 квадрати која има се' и која е неверојатно симпатична.
Интересно е тоа што и покрај толку мала квадратура во оваа куќарка има се' што ви е потребно за функционален живот. Куќата од надвор изгледа како модернизирана колиба. Дневната соба се наоѓа на приземје, а големиот број прозорци овозможуваат просториите да бидат добро осветлени што според зборовите на архитектите даваат чувство како да „лебдите во просторијата“.
Кујната се наоѓа на горниот спрат заедно со просторот во кој семејството може да се собере за јадење. Креаторите на оваа куќа се одлучиле за минимализам и ѕидови кои се со бела боја за да се постигне ефект на голем простор.