X
 08.11.2018 Живот

Пауло Коелјо: „Кога сакате нешто, целиот универзум се залага за да ви помогне да го постигнете тоа“

Бразилскиот романсиер Пауло Коелјо е најпознат по романот „Алхемичарот“. Успешниот писател со најголем број следбеници на социјалните медиуми преку својата фејсбук-страница достигна 29,5 милиони обожаватели и 12,2 милиони следбеници на „Твитер“, па ги прикачи своите лични документи онлајн за да може да создаде виртуелна фондација „Пауло Коелјо“.

Во продолжение прочитајте некои од неговите инспиративни цитати од неговиот блог што ќе ве мотивираат и ќе ве поттикнат да го започнете вашето претприемачко патување.

Верувајте во вашите соништа

- Луѓето се способни во секое време од нивниот живот да го направат она за што сонуваат.

- Еден ден ќе се разбудите и нема да имате време да направите работи што секогаш сте сакале да ги направите. Направете ги сега.

- Вие сте она што верувате дека сте.

- Кога сакате нешто, целиот универзум се залага за да ви помогне да го постигнете тоа.

- Чуда се случуваат само ако верувате во чуда.

Кога ќе се соочите со неуспех


 - Никогаш не откажувајте се.

- Постои само едно нешто што го прави сонот невозможен за реализирање: стравот од неуспехот.

- Нема да се удавите ако паднете во река, туку ако останете потопени во неа.

- Не препуштајте им се на стравовите; ако им се препуштите, нема да можете да зборувате со срцето.

Чувајте ја позитивната мисла

- Кога сте ентузијасти за она што го правите, ја чувствувате позитивната енергија. Многу е едноставно.

- Ако сакате да бидете успешни, мора да почитувате едно правило: никогаш не лажете се себеси.

- Можноста за остварување на сонот го прави животот интересен.

Не е лесно патувањето


- Понекогаш морате да поминете многу долг пат за да го пронајдете она што е блиску.

- Бидете храбри. Ризикувајте. Ништо не може да го замени искуството.

- Кога ќе го пронајдете вашиот пат, не смеете да се плашите. Мора да имате доволно храброст за да направите грешки. Разочарувањето, поразот и очајот се алатките што ги користи Бог за да ни го покаже патот.

Ризикувајте


- Мора да ризикувате. Ќе го разбереме чудото на животот целосно кога ќе дозволиме да се случи неочекуваното.

- Животот без причина е живот без ефект.

- Во тие моменти на подеми и падови кога ви е кажано дека е премногу ризично или дека не вредат неволјата и парите, продолжете да се борите за вашиот сон затоа што ако се борите за соништата, и вашите соништа ќе се борат за вас и ако мислите дека авантурата е опасна, тогаш рутината е смртоносна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот