X
 23.11.2016 Живот

На кафе со Венко Андоновски... Присуството е задолжително!


Овој четврток (24-ти ноември) со почеток од 18:00 часот, во кафе-бар “Мартини“ (т.ц. Лептокарија) во Скопје, ќе се одржи новото 20-то по ред издание на Бизнис Кафе Македонија.

Со овонеделното “кафе“ воедно стартува и новата 4-та по ред сезона на овој единствен нетворкин настан кој има за цел да мотивира и инспирира деловни успеси и нови бизнис-соработки.

Овојпат, како гости-говорнци кои со посетителите ќе ги споделат своите животни и бизнис приказни доаѓаат:

- Г-дин Венкo Андоновски, професор по книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, прозаист, драматург, филмски сценарист, критичар...
- Г-ѓа Емилија Филдишевска, туристички работник, сопственичка на компанијата “Македонија Травел“ - една од водечките компании за туристички услуги во Македонија ; и
- Г-дин Николче Мицевски - композитор, автор, инструменталист, хармоникаш и клавирист.

Ако сакте да чуете нови бизнис-искуства, да дознаете кој бил рецептот за успех на нашите гости или едноставно само да се дружите и да запознаете нови деловни контакти, резервирајте си ја вашата карта на “Купи карти за се“ преку овој ЛИНК, или со испраќање на e-mail на следната адреса: mkbizniskafe@gmail.com

Главни покровители на 20-тото Бизнис Кафе Македонија се: КД Фондови и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) на Швајцарската агенција за развој и соработка(SDC), имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus.

Бизнис Кафе Македонија е дел од франшизата Бизнис Кафе која потекнува од Хрватска, а Скопје, заедно со Загреб, Белград, Сарево, Подгорица и Љубљана досега бил домаќин на повеќе од илјада бизнисмени-стопанственици, врвни менаџери и стартап ентузијасти кои заедно биле дел од некое од претходните изданија и учествувале во стотиците зделки договорени како резултат на остварената бизнис-дружба во неформалната и опуштена атмосфера.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот