X
 08.02.2022 Живот

Челиковиќ, Стојчевски, Пандев и Андоновски добитници на книжевните награди на ДПМ

Ивица Челиковиќ, Санде Стојчевски, Димитар Пандев и Венко Андоновски се добитници на книжевните награди на Друштвото на писатели на Македонија за изминатата 2021 година. Ивица Челиковиќ го доби признанието „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување, за романот „Ден за одмазда“. Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга му е доделена на Санде Стојчевски за стихозбирката „Великата лирска песна: песни за Неа“.  

Димитар Пандев за делото „Времето на Конески“ беше награден со признанието „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга, додека наградата Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади ја доби Венко Андоновски за романот за деца „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“.

Од ДПМ соопштија дека на распишаниот конкурс за книжевната награда „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите оваа година не биле доставени книги во конкуренција.

фото: Unsplash


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот