Откако Барак Обама беше избран за американски претседател, луѓето од целиот свет се прашуваа за неговите брзи успеси и како тој се искачи од организатор на заедницата до професор по право, а подоцна и во најмоќната личност на светот за само неколку години. Многумина прашуваат:
Зошто Барак Обама е успешен?
Како тој го постигнува тоа?
Зошто тој е толку популарен?
Што може да научиме од него?
Кои се тајните на неговиот успех?
Се разбира секоја личност си има свој сопствен пат, па тука се 20-те тајни на неговиот глобален успех:
1. Кредибилитет
Барак Обама го кажува она што го прави и го прави она што го кажува. Претседателот не ветува чуда, но започнува дијалог за потенцијалните решенија. Тој постојано оди едно ниво подлабоко од многу други политичари кои се ограничени само на лицата со кои зборуваат. Обама е ориентиран кон темите и не проповеда идеологија.
2. Ја кажува непријатната вистина
Обама не кажува на секој она што сака да го слушне. Ова беше почувствувано неодамна со силното лобирање на Израел и премиерот Нетанјаху, но, исто така и од страна на иранскиот претседател Ахмадинеџад. Тој исто така може да каже „не“ на пријателски, но одлучен начин ставајќи и го тоа до знаење на опозицијата.
3. Не постои страв од отпор
Обама е храбар. Во првите 100 дена, тој ги потпиша контроверзните нарачки, како што беше затворање на Гвантанамо затворот и крајот на употребата на тортура дури и против силната опозиција во САД. Истото важи и за други тешки прашања како што се Авганистан и Пакистан, Русија и Ирак; неговите акции покажаа дека тој не се плаши од отпорност во неговата политика и е подготвен да ги истурка до крај.
4. Тој слуша
Во говорите, состаноците и големи одлуки, американскиот претседател Барак Обама покажа дека тој активно ги слуша луѓето за секое прашање, го зема во предвид нивното мислење и ја сфаќа нивната перспектива. Неговите говори се поефикасни бидејќи тој може да сумира спротивни ставови. Тој им дава внимание на сите кои изразуваат мислење, дури и на оние со кои не се согласува.
5. Отворен е за друго мислење и дијалог
Лидерскиот стил на претседателот е инклузивен и помирувачки, тој ги вклучува другите и поттикнува дијалог за да се дојде до посилно разбирање.
6. Не е циничен или моќен интригант
Обама ги оправдува своите постапки со отворено зборување на идеите и нормите, убедувајќи ги другите со споделување на визиите за подобар свет. Тој не ги одолговлекуваше ситните политички прашања и не ја ширеше неговата моќ со користње на моќта како претседател, најмоќната позиција во светот за да ги оствари своите идеали.
7. Оди на одмор со своето семејство и дејствува како модел за своите деца
Претседателот Обама добива поддршка од семејството, а особено од неговата добро образована и артикулирана жена.
Заедно, тие се слика на рамноправноста, двојка на 21 век. Барак Обама е одговорен татко, кој им покажува на неговите ќерки пример што може да постигнат со напорна работа, интелигенција и решителност.
8. Оди во длабочината на нештата
Позициите на Барак Обама за одредени прашања не се само едноставни убедувања, туку внимателно оформени мислења, испитани од страна на неговиот љубопитен ум. Со прашување на вистинските прашања и погодување на клучните точки за содржината „нурнува“ длабоко во суштината на работите.
9. Се гледа себеси како личност, а не како супериорен Американец
Кога се гледате како супериорен во однос на другите, без оглед на тоа од каде сте, вие ја уништувате способноста да се однесувате добро со другите и да ја добиете нивната почит. Она што на светот му е потребно е да има лидери кои се одговорни глобални граѓани. Барак Обама е глобален граѓанин и се поврзува со луѓето од другите земји како еднакви на него, а не како потчинети.
10. Се опкружува со најдобрите советници
Пред и по изборите, Обама избра вистински експерти да бидат негови советници да му помогнат да ја напише политиката и кои заземаат клучни позиции во неговиот кабинет. По победата, тој отвори процес на аплицирање за работни места во администрацијата и донесе одлуки врз основа на заслугите, наместо само на политичката лојалност.
Со ангажирање на најдобрите експерти, дури и оние како Хилари Клинтон и Роберт Гејтс, кои би можеле да бидат негови ривали, тој ги остави поделбите зад него и профитираше од талентираните експерти со добивање на добри совети.
11. Делегира одговорност
Како и секој добар менаџер, претседателот мора да биде во можност да делегира работа и одговорност од другите. Обама го прави тоа, тој не управуваше со неговиот кабинет, туку им даваше доволно слобода на неговите вработени да ја водат својата работа.
Тој остануваше информиран за сите области, но им дозволуваше на другите да преземат иницијатива и одговорност.
12. Тој е отворен за имагинација и нови начини
Особено во надворешната политика, Барак Обама покажа дека тој може да ги преиспита старите начини и да излезе со подобри решенија. На Куба, Обама веќе почна процес за поттикнување на политичките реформи, како алтернатива на неефикасното ембарго.
Тој им понуди дијалог на земјите од Блискиот Исток, а со тоа Обама ја промени играта и почна да го отвора патот за вистинска соработка. Најдобар пример за тоа е сега познатиот негов говор упатен до исламскиот свет.
13. Работи со мулти-агенда истовремено на повеќе прашања и систематски
Дури и додека извршува домашни иницијативи како реформите за здравствено осигурување, за кој тој водеше кампањи, претседателот Обама продолжуваше да работи на решавање на глобалните проблеми како што е уништувањето на нуклеарното оружје, глобално затоплување и слично. Тој не дозволил да се оддалечи од овие задачи, напротив остануваше фокусиран на секое прашање истовремено.
14. Ја одржуваше неговата природност и смиреност
Дури и во најтешките ситуации, Обама чуваше беше смирен и лежерен на природен начин. Ова покажува дека е вистински лидер кој гради доверба меѓу луѓето со кои работи.
15. Ги инспирираше луѓето
Барам Обама ги инспирираше луѓето со неговите лични приказни, упатувајќи апел за моралноста и идеите на луѓето, придобивајќи ги за поддржувачи дури и скептиците.
16. Има солидна морална поткрепа за слободните вредости на САД и Уставот
Во неговиот инаугуративен говор, Обама ја кажа мислата на Бенџамин Френклин: „Ние го одбиваме лажниот избор помеѓу нашата безбедност и нашите идеали". Ова негово одбивање за компромис за демократските вредности и граѓанските слободи на САД, дури и кога станува збор за некаква безбедност, го поставува Обама како силен бранител на слободата.
17. Гледа на другите земји не како кон непријатели, туку како на партнери на Америка
Барак Обама заземаше став на соработка со другите земји за различни прашања. Преку НАТО и другите алијанси, Америка има силен круг на сојузници, со кои Обама избра да споделува одговорност.
18. Ги признава границите на американската моќ
Претседателот Обама експлицитно наведе дека единствената позиција на моќ на Америка во светот има граници и дека надворешната политика на Америка мора да биде соодветно ревидирана.
19. Ги зема предвид надворешните мислења, но е силен и прецизен внатре
Барак Обама е приемчив за гласовите надвор од Америка и имаше политичко влијание да ги претвори грижите за актуелни политички решенија внатре во САД.
20. Тој е олицетворение на нов свет на глобализација
На 47 годишна возраст Обама е свеж и млад како и поголемиот дел од луѓето што го движат светот претставувајќи нова лидерска генерација и одговорна елита во 21 век, нивните вредности, соништа и надежи.