X
 16.07.2021 Живот

Кажете му на мозокот што сакате: Совети од познат терапевт како да го користите мозокот

Мариса Пир, терапевт од Британија, досега им го сменила животот на многумина. Таа ги советува своите клиенти ефикасно да го користат мозокот. Пир верува дека мозокот работи во корист на човекот, но многу луѓе работат против него.

Мозокот секогаш го прави она што го сака човекот

Мозокот прави интересни работи во корист на човекот. Тој работи во наша корист така што се труди да ја отстрани болката и нè води кон благосостојба. Освен тоа, мозокот функционира соодветно на речениците и сликите што му ги испраќаме. Затоа, ако често зборувате дека не ви се оди на работа, на мозокот му давате до знаење дека тоа навистина не го сакате и вашиот мозок ќе направи сè за да ве спречи да го правите тоа.

Наместо тоа, Пир советува да користите поинакви реченици: „Да, ќе биде тежок ден на работа, но морам да го направам тоа“. Тогаш мозокот нема да дава отпор. Затоа, едноставно кажете му на мозокот што сакате.


Фото: Pexels

Мозокот има една цел

Проблем е што многу луѓе мислат дека мозокот работи за да нè направи посреќни, но впрочем единствената цел на мозокот е да ве сочува за да преживеете. Меѓутоа, може да „го измамите“ мозокот така што ќе повторувате реченици како „јас го сакам тоа“, дури и доколку правите нешто тешко. Доколку ја поврзете болката со некоја ситуација, вашиот мозок ќе направи сè за да ве одвлече од слични ситуации.

Сами одбирате на што му препишувате болка, а на што задоволство, а мозокот ве води кон задоволството. Затоа, треба да го поврзете задоволството со она што го работите и посакувате.


Фото: Pexels

Мозокот го сака она што е познато

Сè што зборуваме и гледаме создава слики во нашата глава кои многу влијаат врз нашиот живот. Кога создавате пријатни слики и позитивни реченици во главата, ви се менува целиот живот, според Пир. Мозокот го сака она што му е познато, па затоа на сè што посакувате во животот гледајте како на позитивна работа во главата и ќе го постигнете.

Постојано фалете се бидејќи единствената личност што ќе ве пофали секогаш кога е потребно сте вие. Со повторувањето на позитивните реченици за вашиот успех правите тие активности да му се познати на мозокот.

Затоа, сите негативни работи треба да ги поврзете со непознатото, а сè што ви дава задоволство треба да му изгледа познато на мозокот, советува Пир.

Извор: DDL
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот