X
 06.02.2019 Живот

Физичар разви формула за долгорочен успех

Физичарот и научник Алберт-Ласло Барабаси неодамна ја објави книгата „Формулата: Универзалните закони на успехот“, во која се претставени неговите истражувања и истражувањата на неговите колеги за природата на успехот на човекот.

Во извадок од книгата Барабаси ги открива основните наоди за успехот во форма на едноставна равенка.

S = Qr.

Степенот на успех за одреден производ, научен труд, уметничко дело или нешто слично е означен со „Ѕ“, „r“ е потенцијалната вредност на идејата, а „Q“ е способноста на поединецот да ја реализира идејата.

успех

Ова укажува дека успехот директно и единствено зависи од факторот „Q“, односно од способноста на поединецот да ја реализира идејата.

Како пример за важноста на двете компоненти на формулата за успех, Барабаси истакнува дека Стив Џобс, личност со несомнено висок Q-фактор во областа на дизајнирање на потрошувачка електроника, имал листа со неуспешни производи поврзани со неговото име.

- „Епллиса“, „НеКСТ“, „Г-4 Кјуб“, „Мобајл Ми“. Никогаш не сте слушнале за нив? Тие се неколку од многуте неуспеси на Џобс. Ако идејата има мала „r“ вредност, без оглед на тоа колку е висок „Q“, производот ќе биде неуспешен - вели тој.

Се разбира, Барабаси исто така истакна дека силната комбинација на висок „Q“ фактор со навистина добра почетна идеја може да даде исклучително успешни резултати.

- Кога Q-факторот и „r“ се високи, тие се зајакнуваат меѓусебно, водејќи пробив што дефинира една кариера. Помислете на „ајфон“ - одлична идеја со брилијантна реализација, што резултира со производ што го дефинира наследството на Џобс - вели тој.

Она што ги изненади Барабаси и неговите колеги е дека Q-факторот на поединецот во одредено поле има тенденција да остане повеќе или помалку константен со текот на времето. Тие откриле дека способноста на создавачот да ги искористи добрите идеи во својата област не се подобрува со стекнатото искуство, ниту пак атрофира со возраста.

Ова претставува меч со две сечила за секој што се обидува да пронајде успех во својата кариера. Од една страна, борбите што се повторуваат во одредено поле може да сугерираат основен недостиг на талент во оваа област.

- Ако нашиот Q-фактор не резонира со нашата работа, треба да размислиме дали сме ги вложиле нашите надежи на погрешен кариерен пат - вели Барабаси.

Од друга страна, Барабаси забележа дека релативната постојаност на Q-факторот во дадена област значи дека најдоброто дело или производ може да се случи во која било точка во нивната кариера. Тој го дава за пример физичарот Џон Фен, кој по долготрајна научна кариера со мало влијание, на 67-годишна возраст развил револуционерна техника за мерење на масата на големи молекули. Во 2002 година Фен освоил Нобелова награда во полето на хемијата.

Истражувањето на Барабаси вели дека добар начин да се успее е да го најдете она во кое сте навистина добри, но да не застанувате со пробување на нови работи во тоа поле.

- Клучот за долгорочен успех од гледна точка на творецот е јасен: дозволете им на квалитетите што го даваат вашиот Q-фактор да си ја завршат работата, давајќи им можност повторно и повторно да испорачуваат успех - вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот