Луѓето ќе ви простат сѐ ако живеете полошо од нив...
Ако безобразно сте се дрзнале да бидете среќни и задоволни од вашиот живот... лесно може да се случи да налетате на извесни проблеми и непријатности... во средба со гореспоменатите...
Меѓу другото... Работата е целосно геометриски и висински јасна...
Кој и да се обидува да ве повлече на дното... или да ве спушти... едноставно мора да е под вас... Тоа одозгора ни не може да се изведе... Но, тоа е составен дел од животот...
Ваше е само да ги препознаете тие ситуации... Канализација... Џган и лешинари... да ги сослушате... да се согласите... насмевнете... да ги избегнете сите јадици и измами што се поставени баш по ваш вкус... да се свртите... одите што подалеку од нив... и продолжете да живеете онака како што сакате... во согласност со вашиот систем на вредности...
Одете кон својата цел... колку и да е низводно тоа... и колку и струјата да ве влече надолу...
Замислете само како им е на лососите...
Едноставно, сета забава е во пентхаус со базен на последниот кат...
Брзаци... вирови... струја... каскади... гравитацијата и гризлите се дел од играта... Па кој доплива, доплива...
Наградата е чувство на исполнетост „што се вистинските лососи“... задоволство... гордост... опстанок... и размножување...
Звучи познато?
И така живеете за себе...
А не за нив...
Доколку почнете да ги усреќувате другите луѓе живеејќи по нивно... не само што никогаш нема да бидете среќни... (едноставно тогаш не се ни обидувајте)... туку ќе имате и совршено алиби за вашиот неуспех... и идеален виновник кој ќе можете да го обвините за вашата несреќа... што е неспоредливо посмртоносно од самиот неуспех... бидејќи сѐ можете да сметате за лекција додека не почнете да лелекате „ама јас можев, НО тие... и општеството... судбината и животот... не ми дадоа“... и потоа се откажувате... од своите соништа... бидејќи нема смисла... да се почнува одново...
Неодамна слушнав една кафеанска мудрост... од пијаница ерудит... пардон боем... со оглед на тоа дека е факултетски образован...
„Кажи ѝ на жената дека е курва...
Ако не се потресува или се насмевне... дама е...
Ако се навреди и многу се налути... курва е...
Толку е едноставно...“
Мислењето е како задник...
Секој го има...
И тоа е нешто врз што не можете да влијаете...
Она врз што можете... е да видите што ве навредува?
И на тоа силно да поработите... еднаш засекогаш да расчистите со себе... одговарајќи си на прашањето дали имало грешки... и ако имало... просто сфатете дека сте само обично човечко битие кое греши...
И простувајќи си себеси да усвоите нови... како гранит цврсти... принципи, кои ќе ве штитат од нови грешки...
За веќе да не се палите не евтини провокации...
И темелно да ги зашиете тие locus minoris resistentiae на самите себе... И просто да продолжите по својот пат...
И не помалку важно... со тоа што ќе ги изберете луѓето со кои ќе се опкружите... реални... или измислени... вашите интимни светилници кои сте имале привилегија да ги запознаете... или светски познати примери чии биографии ќе ги читате... или кои ќе ги заследите на интернет... луѓе кои нема само да ги потслушнувате... како гореспоменатите... туку кои ќе ги слушате... бидејќи тоа е нешто најдобро што можете да направите за себе...
И со кои ќе се израмнувате...
Луѓе кои ќе ви бидат идоли... и примери...
Ѕвезди водилки...
И многу ригорозна контрола на квалитетот...
А таквите најлесно ќе ги изберете ако си поставите едно едноставно прашање како „кој сакам да бидам“?
И „што сѐ е потребно да направам за да направам таков“?
И потоа полека да тргнете милиметар по милиметар по таа скала...
Скалило по скалило...
Ден за ден...
Ќе знаете дека насоката е добра... доколку нозете ви се тешки... срцето ви лупа... здивот е краток... и ако ви е толку тешко што сакате во секој момент да запрете...
Во тие моменти...
Во мрачната пештера... темнината... тињата... и секојдневната вртелешка на моралните вертикали...
Таквите луѓе се неопходни за да се ориентираат... и спасат... За да може... кога ви е најтешко... и кога сте милисекунда пред откажување... најчесто не со празни зборови... туку со примерот како живеат... само на момент да ви посочат на светлината на крајот од тунелот... што јасно покажува...
Каде е горе...
А каде долу...
Да живеат учителите светилници!
Автор:
Владимир Ѓуриќ
Извор:
lolamagazin
Насловна фотографија: Pixabay