На изглед забавните квизови кои ви кажуваат каква личност сте, зад себе кријат многу мрачна цел. Колку лесно ве фаќа паника? Дали сте често тажни? Дали ги критикувате често луѓето? Дали верувате во важноста на уметноста? Тоа се само некои од прашањата што може да ги сретнете на бројните квизови за испитување на личноста што се широко распространети на социјалните мрежи.
Со години британската фирма „Cambridge Analytica“ го користеше „Facebook“ за собирање на информации и создавање на психолошки профил што ги претставува над 230 милиони Американци. Всушност„Cambridge Analytica“ настана од британската консултантска агенција позната по антитерористичките психолошки операции и тоа најголем дел во Авганистан. Нивната работа се базира на објавување на прашалници за личноста на социјалните мрежи. Сите кои одговараат на овој прашалник го добиваат нивниот психолошки профил бесплатно, а за возврат „Cambridge Analytica“ ги добива сите нивни податоци. Име и презиме, вработување, живеалиште, сето тоа преку „Facebook“.
Работат исклучиво со Републиканците
„Cambridge Analytica“ работеа за време на кампањата околу Брегзит и тоа за поборниците кои се залагаа за излегување на Велика Британија од Европската Унија собрани околу Борис Џонсон и Најџел Фараж. Во САД работат исклучиво со Републиканците.
Во ера на „Facebook“на маркетинг организациите им е полесно да се поврзат со достапните информации на интернет.
Од „Cambridge Analytica“ соопштиле дека имаат помеѓу 3000-5000 податоци за речиси секој. Освен податоци за историјата на гласањето на избори, собираат информации и за возраст, приходи, религиозност, сопственост и тоа се од социјалните мрежи.
Проблемот со заштита на личните податоци
САД нема јасна заштита на личните податоци, а поради тоа податоците кои корисниците ги оставаат пред решавање на квизовите на „Facebook“ може да завршат во рацете на други компании. Исто така законите на САД за информации од јавен карактер, им помогаат на компаниите како „Cambridge Analytica“, па така многу информации за поединците може да завршат во рацете на големите компании благодарение на таквите правни рамки.
SaveSaveSave