X
 27.12.2023 Живот

Младите најмногу им веруваат на информациите на „Јутјуб“, а најмалку на „Фејсбук“

Генерацијата З ги вклучува лицата родени на крајот од минатиот век и во текот на првата деценија од овој век. Според некои толкувања, во оваа генерација спаѓаат лицата родени помеѓу 1997 и 2012 година. Ова е првата генерација што порасна со постојана достапност на интернет и социјални мрежи.

Неодамнешно истражување спроведено од веб-страницата „Бизнис инсајдер“ и организацијата „Југов“ се обиде да открие кои дигитални платформи се сметаат за веродостојни од членовите на оваа генерација.

Сепак не е „Тик-ток“

Иако на почетокот би помислиле дека социјалната мрежа „Тик-ток“ е веродостоен извор за младите, анкетата откри нешто сосема друго. Врз основа на одговорите на над 600 испитаници од САД, 59 отсто од припадниците на генерацијата З донекаде или многу веруваат во она што ќе го видат на „Јутјуб“. Само 28 отсто од нив одговориле дека донекаде немаат доверба во таа платформа.

На второ место по кредибилитет и доверливост е „Инстаграм“ (40 отсто му веруваат, а 45 отсто не), а потоа следуваат „X“ (поранешно „Твитер“) и „Вацап“.

Популарниот „Тик-ток“ е на петтото место и само 30 отсто од испитаниците признале дека го сметаат за веродостоен извор на информации. Дури 57 отсто сметаат дека оваа социјална мрежа е донекаде или целосно недоверлива. На последно место се наоѓа „Фејсбук“ и голем дел од оваа генерација воопшто немаат профил.

Извор: Bug
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот