X
 27.11.2016 Култура

Најубавата фотографија во светот доаѓа од Србија

фото

 

Фотографијата на Чедомир Жарковиќ на која се наоѓа пештерата Стопича во Златибор е прогласена за најубавата светска слободна фотографија од заштитено природно богатство за 2016 година на меѓународниот фото натпревар „Викимедија - Вики ја сака Земјата“.


Меѓународното жири составено од 9 членови избираше најдобри фотографии од вкупно 270. Фотографијата на Чедомир Жарковиќ беше избрана за најубавата фотографија на која е прикажано заштитено природно богатство со објаснување дека, покрај атрактивноста и динамичноста, има исклучителна енциклопедиска вредност.

Победникот е награден со патување во Монтреал, на најголемата конференција на Викиманија во август 2017 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура