X
 02.02.2016 Технологија

"Nikon" награди лошо фотошопирана фотографија

Секому му е дозволена грешка од време на време. Грешките им се случуваат и на најдобрите од нас. Со тоа кажано, ако случајно некогаш имате публика од приближно 10 милиони луѓе, потребно е да обрнете малку повеќе внимание кон она што го велите или постирате. Доколку не верувате, прашајте ги „Nikon“.

 

награда


Се` започна кога „Nikon“ објавија дека одлучиле да го наградата „фотографот“ Чеј Ју Ви затоа што успеал да „фати авион во воздух“. Проблемот беше тоа што не постоеше авион во оригиналната фотографија.

Фотографијата беше толку лошо направена што може да се види на било каков екран. Барем „Nikon“ како вистинска компанија би требало набрзина да направи еден фотошоп тест.

Кога се чинеше дека работите не можеа да бидат полоши, некој го постави прашањето: „Колку долго го чекаше авионот?“, од профилот на фотографот следуваше одговорот: „Не многу, имав среќа! Ти благодарам“.

 

никон


Тогаш удри интернетот. И тоа како!

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија