Соработниците му одадоа признание на глобалното влијание и наследството на поранешниот претседател на Куба, кој почина на возраст од 90 години во петокот. Неговите противници го паметат како лидер кој го предводеше комунистичкиот режим и неговиот придонес за лошата состојба со човековите права во земјата- пишува
Huffingtonpost.
Американскиот претседател во заминување Барак Обама изјави: „Во овој момент ја поддаваме раката на пријателство кон кубанскиот народ". Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, не беше толку мек во неговата изјава: „Светот ја одбележува смртта на брутален диктатор кој го угнетуваше својот народ речиси шест децении. Наследството на Фидел Кастро е кршење на одредби, кражба, страдање, сиромаштија и кршење на основните човекови права“- изјавил Трамп.
Папата Френсис ја опиша смртта на Кастро како тажна вест. Тој рече дека тагува и се моли за неговиот спокој.
Поранешниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, чија комунистичка организација ѝ потпомогна на Куба политички и економски се до своето распаѓање во 1991 година, рече дека Кастро оставил траен белег во светската историја.
Рускиот претседател Владимир Путин го нарече кубанскиот лидер инспиративен пример за многу земји и симбол на една ера.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев сподели пост на „Facebook“, во кој тој се сеќава на последниот телефонски разговор со покојниот кубански лидер во август. „Без претерување, цела ера од историјата замина со Фидел Кастро. Јас ги вреднувам спомените од моите средби со овој извонреден човек"- напишал Медведев.
Во соопштение, кинескиот претседател, Xi Jinping го пофали придонесот на Кастро за развој на комунизмот во целиот свет. „Кинескиот народ изгуби близок другар и искрен пријател"- додаде тој.
Канадскиот премиер Џастин Трудо изрази сочувство кон многуте поддржувачи на Кастро во својата изјава во саботата попладне. „Кастро важеше за контроверзна личност, но и поддржувачите и противниците ја признаваат неговата огромна посветеност и љубов кон кубанскиот народ кој имаше длабока и трајна љубов за „командантот'", пишува тој.
Францускиот претседател, Франсоа Оланд ја истакна својата загриженост за човековите права од страна на режимот на Кастро и го поздрави затоплувањето на односите меѓу Куба и САД. „Фидел Кастро беше моќна фигура на 20-от век. Франција, која го осудува кршењето на човековите права во Куба, подеднакво го поздрави американското ембарго за Куба и мило ни е да ги видиме двете земји повторно да воспостават дијалог и отворени врски помеѓу себе“- изјавил Оланд.
Претседателот од Еквадор, Рафаел Кореа изјавил: „Големиот не остави", додека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го нарече Кастро пример на борбата за сите луѓе во светот.
Претседател на Боливија, Ево Моралес, рече дека Кастро ни остави во наследство да се бориме за интеграција на народите во светот, додека лидерот на Ел Салвадор, Салвадор Санчез го нарече вечен пријател на неговата земја.
Претседателот на Јужна Африка, Џејкоб Зума му се заблагодари на Кастро за неговата помош кога црнците од Јужна Африка се бореа против апартхејдот. „Претседателот Кастро се идентификуваше со нашата борба против апартхејдот. Тој го охрабри кубанскиот народ да ни се придружи во нашата сопствена борба против апартхејдот“- напишал во соопштение, Зума. Партијата на Зума, која е на власт „Африкански Национален Конгрес“, исто така, изрази тага и сочувство за смртта на Кастро.
Претседателот на Шпанија, Маријано Рахој, испрати порака со сочувство до кубанските власти нарекувајќи го Кастро фигура од историско значење.
Премиерот на Индија, Нарендра Моди изразил сочувство до народот на Куба преку „Twitter“, нарекувајќи го Кастро една од најпознатите иконски личности на 20 век.
И претседателот на Индија Пранаб Мукерџи Кумар ги повтори овие мисли: „Искрено сочувство за тажната смрт на револуционерниот лидер, претседател и пријател на Индија“.
Мексиканскиот претседател, Енрике Пења Нието го нарекува Кастро пријател на Мексико, кој ги промовираше односи врз основа на почит, дијалог и солидарност.
Претседателот на Шри Ланка, Maithripala Sirisena го нарече Кастро иконски лидер на ерата на револуцијата.
Кандидатот на Пакистан за претседателските избори, Имран Кан го опиша Кастро како иконски револуционер кој го ослободи неговиот народ од сите траги на империјализмот.
Борис Џонсон, министер за надворешни работи на Велика Британија, не го пофали Кастро во изјавата. Наместо тоа, тој истакна дека смртта на поранешниот претседател го означи крајот, но и почетокот на нова ера во Куба.
Претседателот на Ирска, Мајкл Хигинс изјави: „Фидел Кастро ќе биде запаметен како еден гигант меѓу светските лидери чија цел не беше само слобода за својот народ туку и за сите угнетени и исклучени народи на планетата".
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, го понуди своето сочувство до кубанскиот народ и семејството на Фидел Кастро поради смртта на долгогодишниот лидер на островот. Тој рече: „Во овој момент на национална жалост, ја нудам поддршката на Обединетите Нации да работиме заедно со луѓето од островот".