X
 28.11.2016 Живот

"Ден на дрвото-Засади ја својата иднина" во среда е неработен ден

Интегрално соопштение од Министерство за труд и социјална политика




Согласно со Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 25.11.2016 година, по повод спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина”, 30 ноември 2016 година (среда), е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции.

На денот на акцијата градинките да се со вообичаено работно време.
Истовремено, известуваме дека датумот за одработување дополнително ќе се определи.

Со почит,
Министерство за труд и социјална политика

                                

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот