19.04.2023
Живот
Петок, Рамазан бајрам, е неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 21 април 2023 година (петок), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во земјава им го честита Рамазан бајрам.
Извор: МИА