X
 10.10.2019 Живот

Оваа недела е последната работна за црногорските трговци

Првата неработна недела за Црногорците вработени во трговијата ќе биде 20 октомври, соопшти тамошната Управа за инспекциски работи.

Од инспекцијата повикаа на почитување на тие одредби за да се избегнат парични казни. На оние што ќе ја отворат продавницата во недела им се заканува казна од 1.000 до 10.000 евра. Можно е и трајно затворање на објектот.

- Ги потсетуваме сите економски субјекти што се занимаваат со трговија на големо и на мало на пропишаната одредба во членот 35 а од законот за внатрешна трговија, чија примена стапува во сила од 14 октомври, што практично значи дека првата неработна недела е 20 октомври, како што е пропишано во наведениот член - порачаа од Управата.

Трговијата на големо и на мало, како што е пропишано со новиот закон, не може да се врши во недела и во деновите кога е државен или друг празник.

Постојат некои исклучоци, на пр., во недела ќе работат аптеките, специјализираните продавници или киосците за продажба на леб, пекарски производи, колачи, цвеќиња, сувенири, печат, средства за заштита на билки или погребна опрема, бензинските станици и продавниците за трговија на мало во рамките на бензинските.

Во недела ќе работат и пазарите со штандови - тезгите, витрините и автоматите надвор од пазарите и подвижните продавници; објектите сместени во затворени подрачја на автобуските, железничките станици, аеродромите и пристаништата; штандовите и киосците во кои се продава стока при одржување приредби, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавно прикажување на кинематографски дела и складишта за трговија на големо.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот