X
 28.11.2016 Образование

Како да ги мотивирате децата да добијат најдобро образование?

Секој од нас во одреден момент од детството се соочил со оваа ситуација: се враќате од училиште, го оставате ранецот, а вашиот татко ве прашува: „Дали денес доби некоја добра оценка?“ Но, вие како дете некогаш не сте биле расположени да одговарате на ова прашање по напорниот ден од наставата и се што посакувате е малку да се одморите.

Но, ова прашање кажува дека родителите се загрижени за тоа како напредувате на училиште, тие се навистина заинтересирани и посветени да ви помогнат да ги постигните најдобрите резултати. Во продолжение им нудиме совети на родителите од акаменскиот ментор и тренер, Луси Парсонс, како да им помогнат на своите деца да го добијат најдоброто можно образование


училиште


1. Бидете тука за нив

Постои голема вистина во тоа дека позади секој успешен, млад човек стојат родители кои го поддржуваат. Да бидете присутни во сите емоционални и физички подеми и падови на вашето дете, обезбедувајќи им солидна и стабилна база со која ќе растат е витална за успехот на вашите деца.

Зборувањето дека ги сакате секој ден без оглед дали се најдобри на училиште е особено важно. Исто така поддржувањето со редовна, здрава храна на масата и чиста облека е важно за да им помогнете да го дадат максимумот за време на нивното образование.


2. Покажете интерес

Неопходно е да покажете силен интерес за учењето на вашето дете. Па така наместо да прашате, „Дали доби некоја добра оценка денес?“, како прво прашање што го прашувате кога ќе се врати дома, прашајте, „Што научи денес?“.

Ова прашање отвора интересна дискусија. Најважното прашање сепак е да ги слушате што тие споделуваат, отколку само да споделувате што вие знаете за темата за која тие учеле. Се разбира ако тие ве прашуваат за знаењето што го имате споделете, но секогаш запомнете дека вие треба да се интересирате за нив, а тоа значи слушање.

Може да покажете повеќе интерес со преземање на активна улога во нивниот живот на училиште. Редовно барајте да го видите нивниот распоред, да ја проверувате домашната задача, проверката на нивните работни тетратки заедно со нив. Задолжително треба да одите на средби со другите родители во училиштето што е многу практичен начин да покажете дека вие се грижите за нивниот напредок во училиштето. 

3. Обезбедете им ги ресурсите кои им се неопходни

Не секој родител може на детето да му обезбеди сé оддеднаш. Но, доколку вашето дете ви побара нова тетратка или учебник тогаш мора да им обезбедите. Како родител вие треба да обезбедувате, нова училишна опрема или книги.

Секако секогаш бесплатно може да ги користите услугите на локалната библиотека. Освен материјали, треба на вашето дете да му обезбедите добра средина за учење. Работно биро во тивка, удобна соба е најдоброто место за вашето дете да учи. Доколку вашето дете сака да биде опкружено со луѓе додека работи на домашната задача тогаш кујнската или трпезариската маса е одличен избор за нив.

4. Учете со нив


Учењето не престанува на денот кога сте го напуштиле училиштето или универзитетот. Покажете им на вашите деца дека учењето е природен и аспиративен процес низ целиот живот. Ова едноставно може да го направите со тоа што ќе им дозволите да ве видат како читате весник или книга секој ден или додека учите за професионално надоградување или поради забава. Најважното нешто овде е да креирате култура на учење во вашиот дом, за детето да мисли дека неговото учење е дел од нормалниот секојдневен живот.
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование