Денес е понеделник, 28 ноември 2016 година, 333-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:33 а ќе зајде во 16:09 часот. Денот ќе трае 9 часа
и 36 минути.
Во утринските часови имаме претежно облачно, магловито и топло време, во
истчекување на ладната воздушна маса од север како и влажноста и
врнежите од дожд од запад и југозапад.
МАКЕДОНИЈА – Денес не очекува нестабилно време со врнежи од дожд,
ветровито и постудено време со опаѓање на температурите. Над 1200 метри
се очекуваат врнежи од снег. Во текот на денот поради северното воздушно
струење температурите ќе бидат во опаѓање, а тоа ќе услови и спуштање на
снежната граница, па врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег
над 300-400 метри надморска висина каде постојат услови за формирање на
мала снежна покривка. Во останатите предели се очекуваат врнежи од дожд.
Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне
брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ќе бидат всушност и
максималните и ќе се движат од 4 до 10 степени, а во текот на денот ќе
бидат во опаѓање и кон крајот на денот ќе се движат во интервал од -3 до
4 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови не очекува облачно и магловито
време. Во текот на денот нестабилно со врнежи дожд, засилен ветер и
постудено со опаѓање на температурата. Утринската всушност е и
максимална температура од 8 степени, а во минималната се очекува кон
крајот на денот и ќе изнесува околу 2 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во вторник во утринските и
претпладневните часови облачно со порвејување на снег, попладне
постепено ќе престануваат и умерено облачно со повремени сончеви
периоди, ветровито и студено. Утринските температури од -6 до 1 степен,
додека пак максималните дневни од -1 до 5 степени. Во среда ледено утро
со утрински температури од -9 до -2 степени, а во текот на денот сончево
и студено со температури од 1 до 7 степени. Во четврток уште едно ледено
утро со температури од -9 до -2 степени, во текот на денот умерено
облачно со сончеви периоди и максимални температури од 2 до 8 степени.
Во петок благ пораст на температурите но повторно ќе бидат под просекот
за овој период од годината, утринските од -7 до 0, додека пак дневните
од 3 до 9 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со
локална облачност.
http://weather4all.com.mk