X
 29.11.2016 Култура

Факти за мистеријата на пирамидите

Повеќето луѓе знаат дека пирамидите се големи, импресивни структури изградени одамна во Египет. Исто така е познато дека служеле како монументална гробница, во која биле закопани фараоните. Но, постојат многу други интересни факти за овие фасцинантни градби, за кои се сомнева дека биле изградени со помош на вонземјани.

Откријте ги 25-те фасцинантни факти за нив:


пирамиди

1. Трите пирамиди во Гиза се најпознатите египетски пирамиди, а само на подрачјето на древниот Египет биле откриени повеќе од 140 пирамиди.

2. Најстарата египетска пирамида е онаа на фараонот Џосер изградена околу 2.650 години пред Христос. Се наоѓа во Сакара, најголемата некропола на древниот град Мемфис, каде се откриени повеќе од 250 подземни гробници.

3. Пирамидата на фараонот Кеопс (познат и под името Куфу) е најголемата од сите три пирамиди во Гиза. Оригинално била висока 146.5 метри, додека денес има височина од 138.8 метри.

4. Се до изградбата на Катедралата на Линколн во Англија во1.311 година, пирамидата Кеопс го држела рекордот на највисок објект што го направил човекот. Рекордот го држела 3.871 години.

5. Големата пирамида во Гиза е најстарата од седумте светски чуда од античкиот свет и единствена која сé уште постои.

6. Се проценува дека бројот за изградба на една пирамида биле потребни околу 100.000 луѓе.

големиот сфинг

7. Пирамидите во Гиза ги чува големата Сфинга - најголема монолитска статуа на светот. Се верува дека Сфингата го покажува лицето на фараонот Кефрен, за кого била изградена втората по големина пирамида во Гиза.

8. Сите египетски пирамиди се изградени на западниот брег на реката Нил, што е место на заоѓање на сонцето, па во египетската митологија се поврзува со местото каде душите умираат.

9. Древните Египќани ги погребувале своите благородници во пирамидите заедно со разни предмети, од секојдневни до луксузни. Се верувало дека мртвите ќе ги користат во задгробниот живот.

10. Првиот познат архитект на пирамидите бил Имхотеп, староегипетски лекар и инженер. Се смета дека е заслужен за изградбата на првата голема пирамида – скалестата пирамида на Џосер во Сакара.

11. Додека експертите се согласуваат со тезата дека пирамидите биле изградени од големи камени блокови со каменорезба со бакарно длето и бакарни алатки, техниките со кои се поставени камените блокови и денес остануваат како предмет на шпекулации и дискусија.

12. Она што е очигледно е дека техниките за изградба на пирамидите еволуирале со текот на времето, бидејќи новите се изградени на поинаков начин од старите.

13. По завршување на добата на пирамидите во древниот Египет, процутот на изградба на такви објекти започнала на подрачјето на денешен Судан.

14. Имало обиди да се уништат пирамидите во Гиза во 12 век, за што бил одговорен курдскиот владетел Ал-Азиз. Сепак, тој се откажал од својот план, бидејќи се проценува дека тешко можеле да се уништат, но тој успеал да ја оштети пирамидата на Микерин (најмалата во денешна Гиза), каменот е оштетен, така што изгледа како голема пукнатина на северниот дел на лицето на пирамидата.

15. Трите пирамиди на Гиза по својата локација се ускладени со соѕвездието Орион. Се верува дека ѕвездите се поврзуваат со богот Озирис, кого старите Егиќани го сметале за бог на новото раѓање и на задгробниот живот.

16. Се проценува дека големата пирамида во Гиза е изградена од 2 милиона и 300 илјади камени блокови кои тежат од 2 до 30 тони, а некои блокови тежат повеќе од 50 тони.

17. Пирамидите првично биле заштитени со камења направени од високо полиран бел варовник. Овие камења ја рефлектираат сончевата светлина, што е причината зошто тие блескаат како скапоцен камен.

сјајен заштитен слој на пирамидите

18. Благодарение на сјајниот заштитен слој, се претпоставува дека пирамидите може да бидат видени од планините во Израел, а можеби дури и од Месечината.

19. И покрај огромната топлина во пустината, температурата во нив е константна, околу 20 Целзиусови степени.

20. Тешко е да се процени точната тежина на пирамидите, но се претпоставува дека големата пирамида на Кеопс тежи околу 6 милиони тони.

21. Пирамидатана Кеопс била изградена така што била насочена кон север, а всушност тоа е најпрецизната ускладена структура спрема север во светот. И покрај тоа што е направена многу одамна, нејзиното отстапување од „вистинскиот север" е минимално, а причина за тоа е поместувањето на Северниот Пол на Земјата со текот на времето.

22. Во просек потребни било околу 200 години за изградба на секоја пирамида, што значи дека често се граделе по неколку пирамиди истовремено.

23. Една од причините зошто пирамидите се толку добро сочувани е единствено материјалот што се користел за сврзување, за кој до ден денес не се знае од што точно бил добиен.

24. Спротивно на популарното верување, на изградбата на пирамидите не работеле робови или затвореници, туку платени работници, од физички работници до уметници.

25. Иако често се поврзуваат пирамидите со хиероглифи, тие не беа пронајдени во внатрешноста на големата пирамида во Гиза.

Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура