Археолошките ископувања и обидите да се разбере древната египетска култура траат со векови со оглед на тоа што Големата пирамида во Гиза се смета за едно од седумте светски чуда.
Повеќето луѓе ќе признаат дека биле опседнати со структурата во некој момент, а голем дел од нив сметаат дека пирамидите биле изградени од вонземјани.
Археолозите претходно беа ограничени во истражувањата на пирамидата. Некои делови од структурата стара 4.500 години биле премногу мали за луѓето да можат да влезат внатре.
Интересно е што тајниот отвор бил откриен уште во 1993 година, но археолозите ја немале потребната технологија за правилно истражување на областа. Сега робот успеал да влезе и да направи неверојатни снимки од внатрешноста.
Наречен е „Проект Џеди“, а беше создаден од меѓународни и египетски експерти. Тимот беше менаџиран од Универзитетот во Лидс, Велика Британија, а поддржан од Дасо Системес во Франција.
- Овој дизајн беше предизвик. Роботот мораше да биде исклучително лесен, а на крајот го намаливме на 5 килограми - вели професорот Роб Ричардсон, дел од истражувачката група „Роботикс“ на Универзитетот во Лидс.
Извор:
Unilad.com
Фото: Screenshot/YouTube