Уметникот Мајлк Хајзер почнал да го гради проектот „Град“ (City) во пустина во Невада во 1970 година. По 50 години и потрошени 40 милиони долари, структурата конечно била отворена за јавноста.
Се смета дека тоа е најголемиот современ уметнички проект од овој вид во светот. Огромната градба има повеќе широки структури кои се долги 2,4 километри, а широки 800 метри. Многумина сметале дека уметничкото дело воопшто нема да биде завршено.
Хајзер, кој сега има 77 години, почнал да ја гради структурата со сопствени средства, а потоа собирал финансии од институции и донатори. Хејзер и група поддржувачи во 1998 година отвориле непрофитна организација преку која биле собрани 30 милиони долари.
Тој ја добил идејата за „Град“ откако го посетил Египет, а тоа може да се види по изгледот на градбата, чии структури наликуваат на пирамиди.
Многу луѓе нема да имаат можност да го видат „Град“ во живо бидејќи се продаваат само 6 билети дневно. Среќниците што ќе добијат билет нема да бидат водени од водич бидејќи проектот е замислен за да се доживее индивидуално.
Извор:
Dornob