X
 25.05.2023 Живот

Видео што ќе ве однесе во древниот Египет и ќе ви покаже како всушност изгледале пирамидите во Гиза?

Без разлика колку пати сте ги виделе на фотографии или на филмови, никој не може да ве подготви за чувството кога во живо ќе ги видите познатите египетски пирамиди во Гиза.

Некои од најстарите градби во светот, кои и денес се добро сочувани, се наоѓаат на петнаесет километри од Каиро. Тие се единствените од листата на антички светски чуда кои и денес можат да се видат. Но, ако засега само сонувате да ги посетите еден ден, можете подобро да ги запознаете пирамидите во одличното видео на јутјуберот Мануел Браво.

Видеото, покрај историјата и интересните факти за пирамидите, со помош на виртуелна реконструкција, нуди можност да се види како изгледале некогаш.

За изградба на пирамидите биле потребни десетици илјади луѓе и околу 20 години, а биле искористени околу два и пол милиони камени блокови. Процените за употребените материјали се пет милиони тони варовник и осум илјади тони гранит.

Пирамидите се неисцрпен извор на интересни работи кои не престануваат да ги фасцинираат експертите.


Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот