X
 29.11.2016 Живот

Германија за наредната година бара половина милион обучена работна сила

германија

 

Наредната година компаниите во Германија ќе бараат скоро половина милион нови работници поради продолжениот економски раст. Според експертите, од суштинско значење е обезбедување на оваа обучена работна сила.


Најмалку 450.000 работници бараат германските компании - вака вели анкетата на Здружението на германската комора за индустрија и трговија, а најголема потреба за работници има здравствениот сектор, секторот за нега и образование, додека дополнителни 100.000 работни места се бараат во малопродажба и угостителство, а во индустријата дополнителни 50.000.

Генералниот директор на комората, Мартин Ванслебен изјави дека пазарот на трудот продолжува со добриот развој. Според него, најголемиот ризик за претпријатијата е дефицитот на квалификуван персонал што води до зголемена побарувачка за овие професии.

„Компаниите сакаат да си обезбедат квалификуван персонал, бидејќи проблемот ќе стане се' поголем“, вели тој.

Поради високата побарувачка не персонал, трговските и индустриските комори на Германија ќе се насочат кон поголемо интегрирање на бегалците преку едуцирање и обука на занаети. Се најавуваат дополнителни 15 милиони евра за интегрирање на веќе потрошените 20 милиони евра.

Германија уште одамна е доста популарна меѓу Македонците кои сакаат да работат. Околу 3.600 Македонци оваа година добиле работа во оваа земја.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот