X
 23.04.2019 Живот

Во која земја работниците имаат најмногу слободни денови?

Луѓето од цел свет одат на работа за пари, без оглед каде живеат. Да имате можност да паузирате од работата, да се одморите и да поминете време со пријателите и семејството е многу важно. Сепак, слободните денови варираат низ целиот свет - некои земји нудат поголема слобода, а некои помала.

Ако некогаш сте се запрашале каде треба да се преселите за да добиете подолг одмор или подолго породилно отсуство, добрите вести се дека бројките од Центарот за анализа на светската политика, Меѓународната организација на трудот и партнерите за глобализација се претворени во мапи што ги прикажуваат контрастите на оваа тема. Погледнете кои земји даваат најдолг одмор, и уште поважно, кои земји не даваат.

Кои земји имаат најмногу државни празници?

1

Државните празници се одлични, нели? Слободни денови кога семејствата можат да се соберат и да прослават верски празник или некаков историски настан. Може да има огномети, скара, подароци, декорации. Или, ако работите во малопродажба или угостителство, само уште еден работен ден. Во оваа категорија победник е Камбоџа, која нуди 27 дена платени државни празници.

Работниците таму можат да уживаат платен одмор за Денот на победaта на геноцидот, Денот на детето и Меѓународниот ден на жената, како и Роденденот на кралот и Водениот фестивал. Други земји со 27 државни празници се Иран и Виетнам, меѓутоа, не се платени сите.

Кои земји имаат најдолго боледување?

2

Друг клучен елемент на секое работно место е можноста да земете боледување. Уште поважно е тоа што треба да бидете платени за да не губите пари поради тоа што не се чувствувате добро. Индивидуалните компании често ги одредуваат договорите за вработувања, но повеќето земји имаат поставено граница кога станува збор за платата за време на боледување. Русија и Кина се меѓу земјите што нудат најдолго платено боледување. Нема земји кои според законот нудат неплатено боледување, со забележлив исклучок на Канада, која нуди 476 дена неплатено боледување. Во Македонија можете да земете најмногу 168 дена платено боледување.

Кои земји нудат најдолго породилно отсуство?

4

Породилното отсуство е време кога новите мајки може да направат пауза од работата за да се грижат за новороденчињата. Можноста за ова без да има пад во приходите е многу важна, но постојат земји кои воопшто не нудат платено породилно отсуство, вклучувајќи ги Австралија, Суринам и Тонга. САД не нудат законско платено породилно отсуство, но родителите можат да отсуствуваат 84 дена, неплатени. Велика Британија нуди 273 дена платено породилно отсуство плус 91 ден неплатено, додека мајките во Ангола можат да отсуствуваат 588 дена платено породилно отсуство со некаков приход од државата, додека во Латвија има 658 дена платено породилно отсуство од самата држава.

Кои земји нудат најдолго татковско отсуство?

5

Идејата дека мажите може да поминат некое време со нивното дете сè уште не е многу популарна низ светот, а тоа се рефлектира во недостигот на легислатива. Многу земји немаат никакво породилно отсуство за татковство, додека има и такви што нудат мал број платени денови. Исланд и Финска нудат најдолго татковско породилно отсуство, додека Франција и Шпанија им даваат на татковците 1.000 дена комбинирано платено и неплатено породилно отсуство. Нашата земја нуди 1 месец татковско породилно отсуство, иако мал број татковци се одлучуваат да го искористат.

6

Кои земји нудат најмногу слободно време за мажите/жените?

Кога ќе го додадете целото слободно време што секоја земја го распределува за своите граѓани, која земја е најдобра? Секако, постојат многу фактори што треба да се земат предвид покрај боледувањето, породилното отсуство, државните празници итн. Но, земјата што нуди најдолг платен одмор е Русија. За жените тоа се вкупно 3.093 дена, а за мажите 2.953 дена. Најлошите места се Западна Сахара и Порторико. Во Македонија може да ви се соберат вкупно 440 слободни дена, кога ќе се земат заедно породилното, боледувањето итн.

7

Меѓу земјите каде што има разлика меѓу она што им е достапно на мажите и на жените е Велика Британија, каде што една жена може да добие вкупно 689 дена, а мажот 339 дена. Во некои земји како Исланд една жена може да добие вкупно 268 слободни дена, додека мажот 339 дена.

Ова значи дека нема едноставен одговор на прашањето во која земја би било најдобро да работите ако сакате слободни денови, меѓутоа, податоците собрани од овие мапи ќе ви дадат добра насока за вашите законски права.

8

10

Неколку интересни факти:

- САД се единствената напредна економија што не гарантира платен одмор.

- Камбоџа, Иран и Виетнам секоја година имаат најмногу државни празници - вкупно 27 дена;

- Бахреин нуди најмногу државни празници и годишно платено отсуство, со вкупно 49 платени слободни дена;

- Латвиските мајки можат да земат 658 дена платено породилно отсуство - повеќе од која било друга земја;

- Полска нуди најмногу родителски одмор, 1.792 дена (728 платени дена и 1.064 неплатени дена);

- Мажите во Казахстан може да имаат најмногу неплатени слободни денови - 1.116 дена;

- Монголија обезбедува најдолго платено слободно време - 3.061 ден.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот