X
 16.03.2019 Економија

Речиси 50% од германските компании имаат проблем да најдат работници

Сѐ повеќе германски компании имаат проблем да најдат работници, покажа истражување на Здружението на германски комори за трговија и индустрија.

Тешкотии во потрагата по нови работници во овогодишното истражување навеле 49 отсто од компаниите. Минатата година нивниот удел изнесувал 47 отсто.

Особено големи проблеми искажале од градежниот сектор, што го кочи проширувањето на дигиталната инфраструктура, истакнуваат од здружението.

Сѐ поголеми проблеми се јавуваат и во секторот на електроинженерство, каде што многу компании имаат проблеми со пронаоѓањето работници со потребните квалификации.

Повеќе од половина од анкетираните компании денес се подготвени да бараат работници и надвор од ЕУ.

Досега во Германија пристигнале околу 40.000 работници од земјите што не се во ЕУ, вели претседателот на здружението, Ахим Беркс, предвидувајќи зголемување на нивниот број.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија