X
 29.11.2016 Живот

Прекрасни фотографии од необичниот пат кој исчезнува два пати дневно

Патот Пасаж де Гуа во Франија е необичен пат кој може да се премине само два пати дневно и тоа пред да го потопат морските бранови кои доаѓаат поради плимата.

 

1


Овој природен пат кој од крајбрежјето на континентална Франција, води до островот Ноармутј, е долг околу четири километри.

 

2


Пасаж де Гуа на мапата за прв пат се појавил во 1701 година, а околу 1840 година започнал активно да се користи за транспорт и превоз помеѓу копното и островот Нуармутиј.

 

Патот ни малку не е безопасен бидејќи неретко се случува минувачите да останат заробени поради ненадејното подигнување на нивото на морето, па покрај патот се изградени кули на кои патниците можат да ја дочекаат осеката.

 

3

4


Од двете страни на патот се поставени знаци кои предупредуваат дали преминувањето е безбедно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот