X
 27.11.2024 Живот

Најдосадниот пат на светот: 240 километри без ниту еден свијок

Најдосадниот пат во светот е пат од 256 километри без ниту еден свијок или барем угорница или удолница, а минува низ пустината Руб-ал-Кали во Саудиска Арабија.

Патот е дел од саудискиот автопат број 10, кој ги поврзува Ал Дарб на југозапад и Ал Бат на истокот од земјата, а е долг 1.474 километри и минува во близина на границата со Обединетите Арапски Емирати. Автопатот бил изграден како приватен пат за кралот Фахд, кој владеел од 1982 до 2005 година. Кога бил отворен за јавноста, влегол во Гинисовата книга на рекорди како најдолгиот прав дел од пат во светот.

Од една страна, тој пат нуди непречен и спектакуларен поглед на огромната пустина, но ако сте возач, веројатно ќе се согласите дека е многу досадно да се вози по него.

За да го поминете тоа рамно „парче“, ќе ви требаат околу два часа, што е прилично долго кога имате чувство како да стоите во слика. А кога ќе го видите знакот за кривина по 240 километри, веројатно ќе се чувствувате како да сте стигнале до извор по долг пат низ пустина.


Можеби на почетокот изгледа дека овој дел е идеален за ставање „тула на педалот за гас“, но несреќите се доста чести на него. Дел од сообраќајните несреќи се предизвикани од намаленото внимание на возачот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот