X
 07.12.2016 Живот

Продавница на иднината - новиот концепт на Amazon

Amazon откриваат концепт за физичка малопродажба. Продавницата наречена Amazon Go, нема да работи како типичен супермаркет, туку ќе биде дизајнирана на тој начин што купувачите ќе користат апликација исто така наречена Amazon Go, за автоматски да додаваат производи во дигиталната кошничка кои планираат да ги купат, а да не чекаат ред за да платат.


Оваа технологија автоматски може да идентификува кога одреден производ ќе биде додаден во кошничката, па кога ќе ја напуштате продавницата, Amazon автоматски и ќе ви наплаќа преку вашиот профил.

Во продавницата ќе се продава храна, млеко, леб и други намирници. Продавницата ќе се простира на 1800 метри квадратни, а планираат и да изградат околу 2 илјади вакви продавници низ САД, во следните десет години. Првата продавница ќе биде отворена следната година во Сиетл.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот