X
 19.05.2020 Забава

Американска компанија нуди бесплатен пристап до 1.200 часа медитација за сите невработени

Како што сè повеќе и повеќе Американци се жалат на невработеноста предизвикана од пандемијата, почнувајќи од оваа недела, компанијата „Хедспејс“ која нуди услуги за медитација и свесност, нуди бесплатни едногодишни претплати за сите невработени во САД во обид да помогне во поддршката и ублажувањето на психолошките ефекти од растечката стапка на невработеност.


Оваа иницијатива е дел од новосоздадената акција „Хедспејс Промис“, кампања за грижа за менталното здравје на заедниците под ризик од зголемен стрес и анксиозност, особено откако почна кризата со пандемијата. Покрај тоа што нуди бесплатна претплата за давателите на здравствени од САД, Велика Британија и Германија, компанијата нуди и бесплатни услуги на наставници од САД, Канада, Австралија и Велика Британија.


- Додека медитацијата и свесноста не можат да ги променат нашите околности во животот, тие можат да ни помогнат да ја промениме нашата перспектива за овие околности. И сега, повеќе од било кога, тоа е неверојатно моќна вештина. Како компанија посветена на подобрување на здравјето и среќата во светот, ние сметаме дека сме одговорни да помогнеме во поддршка на менталното здравје на луѓето - вели извршниот директор на „Хедспејс“, Рич Пирсон.

meditacija
Фото: Unsplash

Американците кои се невработени можат да ја посетат веб-страницата на компанијата за да се регистрираат за бесплатна претплата и пристап до повеќе од 1.200 часа содржини за медитација и свесност, вклучувајќи спиење, деца и вежби. Покрај содржината во постоечката библиотека, „Хедспејс“ ќе лансира и шест нови медитации под колекцијата наречена „Живеење преку невработеност“.

Колекцијата е веќе достапна и вклучува медитации како: „Прилагодување кон ненадејна промена“, „Тага и загуба“, „Самодоверба за закрепнување“ и „Наоѓање цел“.

- Губењето на работното место може да има значително негативно влијание врз ефикасноста на луѓето, како и нивното чувство за контрола, што се две важни сидра на менталното здравје. Како компанија посветена на унапредување на полето на свесност и медитација преку клинички потврдени истражувања, знаеме дека медитациите во „Хедспејс“ се покажаа дека имаат поволни исходи од интервенции за клучни мерки како намален стрес, намалена раздразливост, намалена агресија и зголемена отпорност. Овие се навистина моќни маркери за да демонстрираат како можеме да го поддржиме менталното здравје на оние што доживеале загуба на работа - изјави главната директорка за наука во „Хедспејс“, д-р Меган Џонс Бел.

Извор: Good News Network
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава