Нашите раце не се зголемуваат, но телефоните некако стануваат сè поголеми. Просечната големина на мобилниот телефон речиси е двојно поголема од 2007 година.
Некои од поголемите нови телефонски уреди имаат вклучена опција за полесна навигација, но некои популарни уреди како „Nexus 6“ немаат. Постои начин со кој може да го олесните користењето на овие уреди.
Чекор 1: Инсталирајте „
Xposed framework“.
Чекор 2: Инсталирајте го
режимот за користење со една рака од програмерот Хамза Малик. Потоа активирајте го режимот.
Чекор 3: Подесете ги границите. Отворете „Settings“ во модулот и подесете ги за апликациите.
Чекор 4: Додадете ја апликацијата на почетниот екран за да го вклучувате и исклучувате режимот полесно.