X
 08.12.2016 Наука

Вистината за истражувањето на месечината од страна на НАСА (?!)


Полна месечина

Еден од колумнистите на Вашингтон Пост, Саша Волок, познат по блогот The Volokh conspiracy, на предлогот на НАСА да пушти истражувачка подморница во водите на месечината на Сатурн, Титан, гледа со недоверба поради две претходни причини:

1)    Бидејќи со уништувањето на сите форми на живот, НАСА ја претворила нашата месечина во мртов простор;

2)    Бидејќи НАСА е свесна за постоењето на планета населена со роботи, но одбива да ја истражува.
За да ја потврди својата подозривост, Волок се сосредоточува на некои познати факти поврзани со првата од двете наведени причини во врска со месечината на нашата планета.

Факт бр. 1: Пред речиси 46 години, НАСА детектирала две форми на живот на месечината, кои биле способни да користат софистицирана технологија, за што НАСА поседува аудио и видео снимки. Волок тврди дека и самиот погледнал некои од видеата на кои се забележувале тукуречи хуманоидни суштества со некаков оклоп врз нив.

Факт бр. 2: Волок вели дека НАСА ги зела тие суштества и ги донела на Земјата и истото го повторила во наредните 3,5 години, при што донела уште десет слични форми на живот. Секогаш кога НАСА ќе забележела некакво суштествување на месечината, го земала на Земјата. Се претпоставува дека постоеле дванаесет форми на живот кои егзистирале на месечината – интелигентни, технолошки софистицирани, и дека после нив, месечината останала неплодна.

Факт бр. 3: НАСА спровела низа тестови врз нив и ги пуштила да живеат меѓу нас. Волок верува дека тие со децении живееле покрај нас, но дека со текот на времето умреле.

Саша Волок е загрижен дека НАСА би ја нарушила рамнотежата и на месечината Титан, поради што повикува на бунт.     
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука