Луѓето ќе почекаат уште некоја година за да стапнат на Месечината, но економијата таму веќе се развива. Американската компанија за 3Д-печатење ИЦОН штотуку склопи договор вреден 57,2 милиони долари со американската вселенска агенција НАСА за да гради живеалишта на Месечината.
Компанијата ќе гради 3Д-печатени засолништа за астронаутите на Месечината. Засолништата треба да бидат готови до 2026 година.
- Чувствуваме вистинска тежина и одговорност, не го правиме ова само за нас - изјавил главниот извршен директор на ИЦОН, Џејсон Балард.
Компанијата е позната по изградбата на 3Д-печатени населби на Земјата. Кога станува збор за проектот на Месечината, фирмата планира да ги изгради домовите од материјали на Месечината, како прав, камења и слични материјали од природниот сателит.
На тој начин, изградбата на живеалиштата на Месечината ќе биде поевтина отколку кога би се носеле материјали од Земјата, објаснил Балард.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија:
Icon Build