X
 01.10.2020 Живот

Како гласаат астронаутите од вселената?

Пред неколку дена американската вселенска агенција НАСА објави дека астронаутката Кејт Рубинс го предала својот глас за престојните претседателски избори во САД од Меѓународната вселенска станица. Колку и да сакаме да веруваме дека нејзиното гласачко ливче се вратило на Земјата во мала ракета, она што се случило всушност било испраќање дигитална верзија од ливчето преку сателит.

Како што објаснува НАСА, гласањето од вселената започнува исто како и гласањето во странство. Астронаутите, како и војниците и другите американски граѓани што живеат во странство, мора да поднесат барање за гласачко ливче во отсуство. Откако барањето ќе биде одобрено, се добиваат електронски документи потребни за гласањето.



Астронаутот добива гласачко ливче заштитено со лозинка и електронска порака со лозинката. Потоа астронаутот го испраќа пополнетото гласачко ливче преку сателитски сигнал до Вселенскиот центар, кој го препраќа ливчето до официјален службеник.

Овој службеник е единственото лице што ќе го види гласачкото ливче на астронаутот. Потоа се прави копија од овој глас на обично гласачко ливче кое се поднесува исто како и сите други.

Астронаутот Дејвид Вулф бил првиот човек што гласал од вселенската станица во 1997 г.

Автор: Елен Гутоски
Извор: mentalfloss.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот