X
 11.12.2016 Живот

Избрана бојата за претстојната година

Компанијата „Pantone“ секоја година избира по една нијанса на боја која ја прогласува за боја на годината.

 

боја


За 2017 година е избрана „Greenery“ бојата, односно нијансата ID 15-0343.

Оваа нијанса на зелена боја се добива со комбинација на жолта и сина боја, во која преовладува жолтата боја.

Минатата година боја на годината беше нежната нијанса „Rose Quartz“ како и „Serenity“.

Секоја година „Pantone“ објавува која е официјалната боја на годината. Оваа објава со нетрпение најмногу се очекува во модниот свет. Модните дизајнери често пати ги обликуваат своите колекции врз основа на бојата која се прогласува дека е во „тренд“.

Оваа боја се избира од 2000 година, а како што наведува страната „Pantone“ станува збор за боја која се истакнува по својата посебност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот