X
 14.12.2016 Живот

Природното породување ќе стане застарен метод

На се повеќе мајки денес им е потребна операција со царски рез при породувањето поради нивната тесна карлица. Истражувањето покажало дека бројот на случаеви во кои бебето не може да се спушти во породилниот канал се зголемува. Научниците од Австрија изјавиле дека трендот најверојатно ќе продолжи, а дека пораѓањето по природен пат ќе застари.


породување


„Без модерната медицинска интервенција таквите проблеми се често смртоносни и ова од еволуциска перспектива е селекција. Жените со тесна карлица не би го преживеале пораѓањето пред 100 години. Сега преживуваат и ги пренесуваат гените на тесна карлица на ќерките, изјавил доктор Филип Митерекер од одделот за теоретска биологија при Униеврзитетот во Виена.

Се проценува дека случаите кога бебето не може да се вкопи во породилниот канал се зголемиле од 30 од 1000 случаеви во 1960-тите години на 36 од 1000 случаеви денес. Ова значи дека во изминатите 50-60 години стапката се зголемила за 3.3-3.6 проценти, односно 10-20 проценти зголемување на оригиналната стапка поради еволутивниот ефект.

„Прашање е што ќе се случува во иднината? Мислам дека овој еволутивен тренд ќе продолжи, ама полека. Постојат ограничувања, па не очекувам дека поголем број на деца нема да бидат родени со царски рез“- заклучил докторот.

Истражувањето е објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.
SaveSaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот