Здодевно ви е на работа? Потребно ви е ново искуство?
Не барајте повеќе. ILoveGin бара човек што ќе патува низ светот и ќе пие џин.
Позицијата која нуди 20 илјади фунти годишно ви дозволува сами да си го организирате времето, да патувате низ Велика Британија и делови на Европа и едноставно да пиете
џин. И тоа во големи количини.
За работата се пријавиле 4 илјади лица, па компанијата се’уште не ги разгледала сите апликации.
Од IloveGin
изјавиле :
„Бараме лице кое ќе го вработиме во првите месеци од 2017 година. Потребен ни е вистински ентузијаст кој сака џин – кој ќе биде среќен што ќе ги поминува денови во испробување нови видови на џин, комбинации и нови брендови, ќе посетува места за дестилација и ќе не информира за новите сознанија кои ќе ги стекне.
Имаат право да аплицираат сите кои :
- имаат над 18 години
- живеат во Велика Британија
- Имаат возачка дозвола
- Знаат да препознаат одличен џин и тоник кога ќе го вкуси
- Сака џин
Тоа е тоа.