Во „Google“ со години се анализира кој постигнува успех во компанијата, која ја напушти политиката на вработување студенти со најдобар просек и од најдобрите универзитети. Во интервју за „The New York Times“, шефот на одделение во компанијата, Лацло Бок, изнел детално што оваа компанија бара од своите кандидати за вработување. Тоа се сè поретко факултетските дипломи.
Успешните млади дипломци се научени да се препуштат на талентот, што ги спречува достоинствено да поднесат пораз. „Google“ од своите вработени бара способност за доаѓање до идеи и реализација на идеи од други луѓе кога се подобри од нивните. Тоа е таканаречена интелектуална скромност, според Бок.
- Без скромност не сте способни да учите. Успешните, паметни луѓе ретко доживуваат порази, така што не знаат што може да се научи од поразот - вели тој.
Бок додава дека овие луѓе прават грешка при припишувањето на заслугите, па ако се случи нешто добро тие мислат дека тоа е така бидејќи се генијалци. Од друга страна, доколку се случи нешто лошо, тоа е поради некој „идио“ или бидејќи „не добиле потребни ресурси“ итн.
- Тоа што увидовме е дека луѓето кои кај нас се најуспешни, кои сакаме да ги вработиме, жестоко го бранат својот став. Пукаат од сите оружја - вели Бок.
Талентот се наоѓа на толку многу места што менаџерите за вработување пропуштаат многу, според Бок. Потоа, многу факултети генерираат огромни студентски долгови, а не ги учат студентите на она што е најкорисно, смета тој.
Способноста за учење е поважна од коефициентот на интелигенција
Академскиот успек секогаш не е знак дека сте способни за некоја работа. Бок порано велел дека факултетот може да претставува вештачко опкружување кое условува еден вид размислување. Коефициентот на интелигенција е помалку вреден од учењето во текот на работата, вели Бок.
- Меѓутоа, за секоја работа, првата работа која ја бараме е општата когнитивна способност, а не коефициентот на интелигенција. Тоа е способност за учење. Тоа е способност за обработка на информации во тек на работата. Тоа е способност за поврзување разновидни делови информација. Ние тоа го оценуваме со помош на нашите интервјуа - вели Бок.