X
 16.11.2018 Технологија

Колку ќе бидат паметни бебињата може да се дознае уште пред да се родат

Најновата генетичка скрининг-технологија ќе може да бара знаци дали ембрионот може да носи одредени генски болести - или дали детето ќе има низок коефициент на интелигенција. Со тоа се покренуваат сериозни етички прашања за иднината на бременоста и породувањето.

Од компанијата „Геномик предикшн“ успеале да развијат начин за истражување на ИВФ-оплодените ембриони за покомплексни генски состојби од кога било. Овие нови техники за брзо време може да почнат да се употребуваат во клиниките.

Но, само затоа што можеме да ги набљудуваме и анализираме нашите помалку интелигентни бебиња, не значи дека треба да го правиме тоа. Компанијата вели дека нема да овозможува скенирања за интелигенција поради етички причини, меѓутоа, постојат компании што сигурно ќе го сторат тоа.

Вреди да се напомене дека тестовите за интелигенција се всушност прилично лоши за мерење на интелигенцијата. Веќе подолго време е познато дека тестовите фаворизираат богати, бели луѓе, а многу истражувачи веруваат дека високиот резултат на IQ-тестот навистина само укажува на тоа дека сте способни да добиете висок резултат на IQ-тест.

Но, технологијата на „Геномик предикшн“ не е вид што може да се користи за избирање хиперинтелигентни бебиња. Наместо тоа, технологијата ќе може да утврди дали ембрионот покажува фактори на ризик за одредени когнитивни попречености. Така родителите ќе можат да донесат одлука дали да се продолжи бременоста, веројатно преку генско советување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија